Христијан Мицкоски / Фото: Фејсбук

Мицкоски: Ја поддржувам примената на „Безбеден град“ и негово проширување низ цела Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека ја поддржува примената на „Безбеден град“ и неговото проширување на целата територија на земјата.

„Ја поддржувам примената на Безбеден град и поддржувам да се прошири на теротироијата на цела Македонија. Некои велат дека тоа ќе донесе критика или политички удар кон Владата, и јас велам дека сме подготвени да го издржиме тој политички удар, само да спасиме некој човечки живот. Само во изминатите недела две имавме три жртви во строгиот центар на главниот град. Во разговори со министерот за внатрешни работи, подготвени сме да ги трпиме сите критики, како што слушам од некои поранешни противници СДСМ и ДУИ, кои го критикуваат сето тоа. И ако еден човечки живот успееме да спасиме, еве јас сум подготвен да понесам политичка одговорност, затоа што тие човечки животи се губат поради непочитување на правила. Видовте еден ден колку прекршои се на правени, дел од нив беа поради тоа што управуваат возила кои не се регистрирани, дел од тие затоа што поминуваат на црвено светло. И тоа е катастрофа“, рече Мицкоски.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска информираше дека во првите 24 часа од тестирањето на системот „Безбеден град“ биле евидентирани околу 110.000 прекршоци, а најголем дел од нив биле поради возење со брзина поголема од дозволеното.

За 12 часа камерите на „Сејф Сити“ фатија 65.000 прекршоци

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот