„Сејф сити“ го фати и Тошковски – се пофали со порака за сообраќаен прекршок
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на својот Фејсбук профил објави дека утрово добил порака за сторен сообраќаен прекршок и со оваа објава порачува дека системот „Безбеден град“ функционира за сите, без разлика дали станува збор за министер или друг функционер.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
-Утрово, движејќи се со своето приватно возило кон Кавадарци каде што денеска се одржува партискиот конгрес, добив смс порака за сторен сообраќаен прекршок констатиран од системот „Безбеден град“, бидејќи сум се движел со 1 км/ч над дозволената брзина. Ова е најдобрата илустрација за тоа како треба да функционира државата. Системот важи и постапува еднакво кон сите и ако регистрира прекршок – санкцијата следи, без разлика кој е во возилото. Нема исклучоци, нема селективност, нема привилегирани. Управувањето со возило е обврска, не привилегија. Така се гради доверба, така се гради безбедност. Целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку ред, дисциплина и спасување човечки животи. Со алармантниот број на жртви на патиштата што го имаме, мора да покажеме личен пример и одговорност. Оваа држава ќе биде посигурна само ако законите важат подеднакво за сите, вклучувајќи не и нас кои сме најодговорни за нивното спроведување – пишува тој во објавата.

Системот познат во јавноста како „Сејф сити“ почна пробно да функционира од 1 декември, а треба да биде пуштен во употреба на почетокот на идната година.
Мицкоски: Ја поддржувам примената на „Безбеден град“ и негово проширување низ цела Македонија


