Сејдини: Ова нека биде поттик Македонија да обезбеди настап на следниот Мундијал

Селекторот на сениорите Благоја Милевски и претседателот на ФФМ Муамед Сејдини со златниот пехар/Фото: ФФМ

Денеска Скопје е центар на фудбалскиот свет и дом на оригиналниот ФИФА Светски куп трофеј. Оригиналниот симбол на фудбалската магија изработен од чисто злато што носи возбуда насекаде низ светот, конечно, е во нашата земја.

Трофејот пристигна во главниот град како дел од турата на ФИФА Светски куп трофејот организирана од „Кока-Кола“. Златниот симбол на светското фудбалско единство пристигна заедно со амбасадорот на турнејата на трофејот, бразилската фудбалска икона Жилберто Силва.

Дом на оригиналниот ФИФА Светски куп трофеј беше Пивара Скопје, официјалниот претставник на The Coca-Cola Company во нашата земја. Трофејот беше откриен во историски момент од страна на Стево Пендаровски – Претседател на Република Северна Македонија и фудбалската легенда Жилберто Силва, во присуство на Ламбро Патче – Директор за корпоративни политики и одржливост, Муaмед Сејдини – Претседател на ФФМ, Лука Сантандреа, генерален менаџер на франшиза на the Coca-Cola Company, како и во присуство на претставници на медиумите од целата земја.

– Оригиналниот трофеј на Светското првенство на ФИФА е еден од најголемите симболи во спортот. Скопје и Македонија, благодарение на ФИФА и Coca-Cola, имаат единствена можност да бидат дел од магијата која ја носи Светското првенство и барем еднаш во животот да го видат оригиналниот трофеј и да го почувствуваат вкусот на возбудата. Фудбалот ја има моќта да ги инспирира и поврзува луѓето, надминувајќи ги бариерите додека навивачите споделуваат моменти на возбуда и радост.

Мене ми е особено драго што македонската репрезентација имаше неверојатно фудбалско доживување и беше многу близу до пласман на Светското првенство во Катар. Моментите на фудбалска еуфорија во нашата држава ќе ги паметиме цел живот, а ова нека биде само поттик да се обидеме во следниот циклус да обезбедиме пласман на Мундијалот и вистински да се бориме за овој трофеј – рече Сејдини, претседателот на Фудбалската федерација на Македонија.

Потсетување дека Мундијалот во 2026 година ќе се организира во три земји, САД, Канада и Мексико.

Пристигна во Скопје пехарот од Светското првенство

Овогодишната турнеја FIFA World Cup™ трофејот организирана од Coca-Cola досега пропатува повеќе од 750.000 километри и е дел од кампањата на Светското првенство на ФИФА што ќе се одржи во Катар во 2022 година. Овогодишната глобална турнеја на трофејот ќе патува во 51 земја, вклучувајќи го и нашиот главен град – Скопје, овозможувајќи им на македонските фудбалски обожаватели да уживаат во фудбалската магија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот