Пристигна во Скопје пехарот од Светското првенство

Бразилската фудбалска легенда Жилберто Силва и македонскиот претседател Стево Пендаровски го открија пехарот/Фото: МИА

Како што беше најавено, тоа се случи денеска, највредниот пехар за Светското првенство пристигна во Скопје.

Заедно со бразилската фудбалска легенда Жилберто Силва, македонскиот претседател Стево Пендаровски го откри пехарот во просториите на управната зграда на „Скопска Пивара“.

Инаку овој пехар е на турнеја низ светот пред стартот на Мундијалот кој ќе се органира во Катар во периодот од 21 ноември до 18 декември 2022 година. Силва кажа дека се наоѓа во земја каде што се сака фудбалот. А овој спорт е инспирација за животот кој дава надеж и верба.

– Нашата должност во фудбалот е да инспирираме, да направиме луѓето да бидат најдобра верзија од себеси, секој ден. Не само во фудбалот, туку и во секојдневниот живот. Па така, вашата држава беше толку блиску до учество во FIFA World Cup™ во Катар и играше толку добро во последните турнири, сигурен сум дека тоа ве поттикна да постигнете уште повеќе. Јас можеби ќе бидам во Лондон, Бразил или било каде на светот, но ќе ве бодрам и се надевам дека ќе ве видам на најдобрата можна позиција во првенството – вели Силва.

Нашата селекција беше на една победа од историски пласман на СП, иако не се пласираше Силва ни препорача дека со напорна работа соништата може да се исполнат.

По свечената церемонија, Силва се сликаше и со претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини кој му подари дрес од Македонија на Бразилецот.

– Нема поголемо задоволство и верувам дека сите сме со иста мисла: дека еден ден, наскоро, капитенот на македонската репрезентација ќе го крене високо овој златен трофеј, и ќе го донесе во просториите на ФФМ – рече македонскиот претседател Стево Пендаровски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот