Сејдини: Доколку се определи солидарен фонд, ФФМ ќе го пренамени на клубовите

фото:ффм

– Комисијата во ФФМ во најскорен можен рок ќе ги претстави плановите за завршување на натпреварувачката сезона во МФЛ – вели првиот човек на македонскиот фудбал.

Како резултат на ширењето на коронавирусот јасно е дека се променети сите околности во фудбалот за оваа натпреварувачка година.

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини вели дека во соработка со фудбалските клубови и натпреварувачката комисија во федерацијата работи на низа практични решенија како одговор на новонастанатата ситуација.

Почитувани претставници на клубовите, почитувани претставници на Општинските фудбалски Сојузи, почитувани поддржувачи и фудбалски навивачи..Соочени со пандемијата COVID-19 верувам дека една работа на сите нас ни е посебно јасна: здравјето е на прво место и секако, пред фудбалот и спортот воопшто.

фото: ffm.mk

Постојано следејќи ја моменталната ситуација, комисијата во ФФМ која е задолжена за календарот на натпревари, во најскорен можен рок ќе ги претстави плановите за завршување на натпреварувачката сезона во МФЛ. Се разбира, во услови кои ќе бидат диктирани од телата на јавната власт. Прекин на првенството е последно можно решение, откако ниту една алтернатива не би овозможила да се заврши календарот за натпреварувачката сезона во МФЛ.

Актуелната здравствена криза драматично влијае и ги загрозува сите индустрии и економски сектори. Фудбалот не е исклучок и мора да пронајдеме решенија за моменталната ситуација со надеж дека целта ќе биде зачувување на работните места и еднакво почитување на интересите на клубовите и фудбалерите – рече Сејдини.

Ќе се искористат сите механизми кои се на располагање во насока на било каква помош на клубовите и фудбалските работници. Челниците се во постојана комуникација со УЕФА и ФИФА и доколку се определи одреден солидарен фонд кои би го користеле федерациите, ФФМ целосно ќе го пренамени кон клубовите.

фото: ФК Работнички

– Некористењето на финансиската поддшка од Владата на Р.С. Македонија беше една од првите одлуки кои раководството на ФФМ ги донесе откако започна здравствената криза и драго ни е што Агенцијата за млади и спорт на вистински начин ја препозна и поздрави таа одлука. Не радува што и други спортски федерации го направија истото и даваат придонес за клучните врености во вакви ситуации. Истовремено, ФФМ ги подготви и достави до АМС сите пристигнати предмети од фудбалските клубови за користење на финансиска поддршка.

Нестрпливо го чекаме моментот кога фудбалот и спортот повторно ќе не радуваат, а дотогаш уште еднаш да потсетиме дека ова е време за солидарност и општествена одговорност. Бидете дома и следете ги препораките на здравствените власти – додаде претседателот на Фудбалската федерација на Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот