Сега и „Марка“ му направи карикатура на Ѓоковиќ (ФОТО)

Критиките кон српскиот тенисер продолжуваат но несмалено темпо поради тоа што се случи на „Адриа Тур“.

Новак Ѓоковиќ е на удар на светската спортска јавност бидејќи хуманитарните турнири „Адриа тур“ се прекинати по појавувањето на коронавирусот. Григор Димитров покрена лавина со објавата дека е позитивен на коронавирус, по што веднаш беа тестирани и останатите учесници на турнирите во Белград и Задар, а резултат е позитивни на ковид-19 се и Новак Ѓоковиќ, неговиот кондициски тренер, Виктор Троицки, тренерот на Димитров и Борна Чориќ.

Откако се дозна за позитивните случаи спортската јавност го обвинува Ѓоковиќ како организатор на турнирите дека не ги презел сите мерки на заштита, а вчера влијателниот „Лекип“ објави карикатура во која Србинот го нарече ЃоКовид.

Денеска карикатура се појави и во најтиражниот шпански спортски весник „Марка“.

Во неа Ѓоковиќ е претставен со круна која е „украсена“ со коронавирус, додека новинарот на цесникто Мануел Хулиа во текстот „Корона Ѓоковиќ“ го нарече себичен незнајко.

Инаку, неделава во одбрана на Ѓоковиќ неделава се обратија хрватската кошаркарска легенда Дино Раѓакако и познатата Ведрана Руданкоја важи за еден најинтригантните гласови во современата хрватска книжевност.

Се јави таткото на Новак: Димитров е виновен

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот