Сега е официјално: Фјури и Вајлдер повторно во рингот

Фановите на боксот во идната година повторно ќе можат да го следат големиот реванш помеѓу Деонтеј Вајлдер и Тајсон. „Бронзениот бомбардер“ и Фјури на 22 февруари во „МГМ Гранд Арената“ во Лас Вегас ќе боксуваат за титула во супертешка категорија за ВБЦ појасот .

– Официјално е. На 22 февруари во „Гранд арената МГМ“, гледајте ме како ќе го го нокаутирам Деонтај Вајлдер – изјави Фјури.

Одговорот од шампионот дојде експресно.

– По 22 февруари, нема да има повеќе нејаснотии. Јас ќе го завршам она што го започнав претходно, а овој пат Тајсон Фјури нема да стане толку брзо. Јас докажав дека можам лесно да го победам Фјури, истакна Вајлдер.

Првиот меч помеѓу Вајлдер и Фјури се одржа во 2018 година и заврши без победник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот