Седум луѓе и мачка: Доколку ги пронајдете на сликата, вашиот мозок е во супер форма

Фото: Принтскрин/ТикТок

На социјалните мрежи започна да се шири интересна оптичка илузија, односно оптичка „мозгалка“.

Неодамна на својот ТикТок ја сподели корисникот „darkseidy“ кој во објавата напиша:

„Велат дека вашиот мозок е во топ форма ако на оваа слика можете да најдете седум луѓе и мачка. Ако најдете шест луѓе, вашиот мозок е ОК, а ако најдете двајца или тројца, тоа значи дека на вашиот мозок му е потребна помош“.

@darkseidy #fyp #find #darkseidy ♬ original sound – meow


И додека некои успеаа да пронајдат се што е потребно во оваа мозгалка, некои пак во коментарите се пожалија дека не успеале целосно…

„Не можам да ја најдам последната личност“, „Ги пронајдов сите луѓе, но не можам да ја најдам мачката“, „Најдов шест луѓе и мачка“, „Луѓе, тука нема мачка“, „Каде треба да се обратам за помош, јас едвај најдов еден човек“… гласеа коментарите.

Доколку и вие се мачите со пронаоѓањето, погледнете го решението, но само доколку претходно навистина се потрудивте.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот