Седум играчи на Реал Мадрид на трансфер листата

фото. твитер

Најзвучно име на оваа листа е еден од најдобрите напаѓачи во Европа и светот, велшкиот интернационалец Герет Бејл.

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан сака да ја освежи екипата со нови имиња кои во иднина ќе имаат исто така придонес во освојувањето на нови трофеи.

Како што пренесува шпанскиот „АС“, вкупно седум играчи се наоѓаат на трансфер листата, односно не се повеќе приоритет на „кралскиот“ клуб.

Најзвучно име на оваа листа е еден од најдобрите напаѓачи во Европа и светот, Герет Бејл.

Познато е тоа дека велшкиот интернационалец не е во најдобри односи со првите луѓе на шпанската екипа, како причина се одвојуваат и повредите, а после паузата поради коронавирусот, неговиот агент сигурно ќе биде многу активен на фудбалскиот пазар.

Освен Велшанецот, можно е да си заминат уште Хамес Родригез, Лукас Васкез, Маријано Дијаз, Алваро Одриозола, Алфонс Ареола и Начо Фернандез. Во клубот се надеваат дека ќе можат од сите фудбалери да имаат приход над 100 милиони фунти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот