Седлоски верува во успех: Можеме да го елиминираме Шамрок

Работнички е новиот тренерски предизвик на Гоце Седлоски/фото: Слободен печат/Драган Митрески

Фудбалерите на Шкупи утревечер (21 часот) на Националната Арена „Тодор Проески“ го играат реванш натпреварот од третото квалификациско коло за пласман во групната фаза во Лигата на Европа против Шамрок.

Македонскиот шампион утревечер ќе брка негатива од два гола бидејќи првиот натпревар заврши со триумф на Шамрок од 3:1, но тренерот на Шкупи, Гоце Седлоски верува во своите фудбалери.

– Кога играш европски натпревари, мораш да си 100 отсто сконцентриран, не смееш да грешиш бидејќи грешките се казнуваат. Криво ни е што примивме такви голови, почнувајќи од Динамо, пред тоа Линколн, сега и Шамрок. Имам верба во играчите, доколку се поставиме како што игравме второ полувреме таму, мора да тргнеме од почеток. Нормално, мора да бидеме внимателни и во одбраната. Играме против еден доста квалитетен противник. Гледате сами дека ирските екипи одат во следната фаза. Утре ние ќе се обидеме, со помош на навивачите кои ги повикувам да ни дадат поддршка, да направиме резултат кој не носи понатаму – вели Седлоски.

И капитенот Кристијан Наумовски смета дека доколку екипата одигра во сите 90 минути како што играше во второто полувреме во Даблин, тогаш добриот резултат нема да изостане.

– Можам да кажам дека Шамрок играше на резултат на домашен терен, и тоа го направи. Шамрок ни доаѓа со два гола предност, со тој гол што го дадоа на крајот, но фудбалот се игра до крај. Овој резултат не го посакував и сигурен сум дека не го заслуживме. Не бараме алиби, сигурен сум дека игравме лошо прво полувреме, но во вториот дел го видовме вистинскиот Шкупи. Дадовме гол, имавме шанси за израмнување, но среќата ни го сврти грбот и на крајот бевме казнети. Црвениот картон исто така ни ги поремети плановите. Кога дадовме гол, кога создадовме шанси, противникот не мина половина, добивме црвен картон и резултатот е тој. Играме во Скопје сега пред наша публика, се прашуваме самите. Сигурен сум дека ако играме како што игравме во вториот дел таму, тогаш ќе се пласираме со следната рунда. Ја повикувам публиката да дојде да ни даде поддршка, а јас ветувам дека ќе го дадеме максимумот, ќе го остават срцето на терен, затоа што сите знаеме колку е важен овој натпревар – изјави Наумовски на прес-конференцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот