Седлоски: Шамрок ни даваше голови на наши грешки

Работнички е новиот тренерски предизвик на Гоце Седлоски/фото: Слободен печат/Драган Митрески

Тренерот на Шкупи, Гоце Седлоски му честита на Шамрок Роверс на пласманот во плеј-офот за Лигата на Европа откако вечерва ирскиот тим славеше со 1:2 и двомечот го доби со вкупни 2:5.

– Честитки за победата на Шамрок и пласманот во следната фаза. Останавме без неколку играчи денеска, но тоа не е оправдување. Во првиот дел не постоеше среден ред, а Шамрок ни даваше голови на наши грешки. Кога почнавме да играме малку во вториот дел, примивме гол кој беше клучен. Налетавме на добра екипа, агресивна која во овие 180 минути заслужено не победи и уште еднаш честитки за противникот – рече Седлоски.

Шкупи се уште има шанса да обезбеди европска есен и тоа преку плеј-офот за пласман во Лигата на конференции каде противник на македонскиот шампион ќе биде подобриот од дуелот меѓу Балкани од Косово и Клаксвик од Фарски Острови.

– Имаме доволен ростер на играчи, сега нѐ чека првиот натпревар во Првата лига, па имаме уште една шанса за групната фаза во Лигата на конференции. Во четврток го чекаме ривалот и ќе мора да балансираме помеѓу двете натпреварувања – смета Седлоски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот