Седлоски се враќа во Вардар

twitter.com/MacedonianFooty

Седлоски како тренер на Вардар успеа да освои две домашни титули со клубот и да го внесе тимот во последната елиминациска пречка, пред пласманот во групната фаза од Лигата на Европа.

Пред две години беше елиминиран турскиот гигант Фенербахче, испишувајќи историја за клубот и Македонија.

На тој двомеч, тимот го водеше Чеде Јаневски, кој го замени токму Седлоски, на само два дена пред овој историски дуел.

Од утре, Седлоски се упатува за Рогашка Слатина (Словенија), каде тимот се наоѓа на подготовки пред стартот на новата натпреварувачка сезона.

Долго се збореше за можноста, Седлоски да се врати во Вардар, а доаѓа после неговото заминување од функцијата, шеф на стручниот штаб во Широки Бријег.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот