Сè уште се трага по затрупаните рудари во Замбија
Спасувачите од Замбија сè уште трагаат по најмалку 25 рудари кои пред три дена беа затрупани од лизгање на земјиштето во отворен рудник за бакар, соопшти министерот за рудници Пол Кабусве.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Рударите во рудникот Шесели во Чингола, на околу 400 километри северозападно од главниот град Лусака, останаа заробени на три места, а во меѓувреме силниот дожд ја поплави јамата, соопшти владата.
Се уште не е познато колку рудари се затрупани, но Кабусве рече дека досега се јавиле 25 семејства во потрага по нивните исчезнати роднини, кои работеле во рудникот во моментот на несреќата.
Меѓу спасувачите е и војската, како и други помагачи од големите рударски компании. Кабусве рече дека поради мекото тло сите се многу внимателни, што ја успорува спасувачката операција.
– Мораме да запомниме дека не треба да предизвикуваме несреќа како дел од несреќа, објасни Кабусве.
Спасувачите стигнаа на местото каде што се верува дека се заробени 16 рудари, а нови информации за операцијата ќе бидат објавени денеска, рече министерот.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
4час
-
4час
-
5час
-
5час
-
5час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


