Се топат милијардите: Саудиска Арабија воведува жестоки мерки за штедење

Саудиска Арабија има проблем со финансии па затоа владата соопшти дека ги намалува државните расходи за 26,6 милијарди долари.

Мерките вклучуваат стопирање на исплатата на минималец за граѓаните, како и зголемување на данокот на додадена вредност што би требало да го зајакне државниот буџет кој настрада по падот на цената и на побарувачката за нафта.

„Минималецот  ќе биде стопиран до 1.јуни, а данокот на додадена вредност ќе биде зголемен од 5 на 15 отсто до 1. јули, изјави министерот за финансии на оваа земја.

Другите мерки вклучуваат откажување или прекинување на некои оперативни и капитални расходи за еден дел од државните установи како и намалување на кредитите за некои од државните иницијативи, вклучувајќи го тука и проектот „Вижн 2030“.

Некои експерти прогнозираат дека Саудиска Арабија наскоро би можела да се соочи со финансиска криза бидејќи како што велат резервите на државата се празни. Во март паднаа за рекорди 27 милијарди долари.

Според пишувањата на некои од медиумите, 2014 година, кога цената на нафтата бележеше пад, резервите на земјата изнесувале 375 милијарди долари и за три години тиа се намалени за една третина. Државата ги искористи за санирање на дефицитот во буџетот.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот