„Се срамам од сите глупости“: Наставничката Весела, една од 50 најдобри во светот, ја искритикува „реформата“ во МОН

деца маски училиште
Подгорица, Црна Гора / Фото: Savo PRELEVIC / AFP / Profimedia

Учителката Весела Богдановиќ, одделенски наставник од ОУ „Кочо Рацин“ село Ивањевци, Могила која во 2014 година влезе во изборот од 50 најдобри наставници во светот организиран од фондацијата Варки Џемс, остро ја искритикува Мила Царовска и новата реформа во образованието.

Имено таа преку статус на Фејсбук напиша дека се срами од сите „глупости“ кои ги прави Министерството за образование и наука во врска укинувањето на хартиените учебници.

-Ало МОН јас се срамам од сето ваше лутање од глупост во уште поголема глупост. Има ли кој да Ве сопре? Има ли пилот во авионот или возач со дозвола за чамец не лета, се прашува таа.

Инаку учителката Весела Богдановиќ продолжува да се натпреварува во изборот за најдобар наставник Глобал тичер прајз кој ќе освои награда од 1 милион долари.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот