Се случил инцидент: Марија Шерифовиќ го прекина новогодишниот настап во Зеница
Новогодишниот настап на Марија Шерифовиќ во Зеница, БиХ заврши со инцидент. Имено, популарната пејачка го прекина својот настап бидејќи публиката фрлала петарди кон неа на сцената.
Препорачано
За време на настапот, јавуваат медиумите, таа неколку пати ја предупредила групата во публиката да не фрлаат петарди. И тогаш таа им се обрати на сите.
„Драги луѓе, поради кретени ќе ставиме крај на оваа ситуација 15 минути порано. Јас сум сигурна дека некој што е близу таа личност знае која е. Па, најдете ја и е*ете ѝ ја мајката подоцна. Добро?“, рекла пејачката на крајот и, сепак, ѝ се заблагодарила на публиката.
„Тоа сега е помалку важно. Ми беше чест и задоволство да пеам за вас час и 45 минути. Одамна не ми се случила ваква ситуација. Ќе се преправам дека не се случила. Сигурна сум дека и вие не сте многу горди на тоа, но да ја ставиме на страна“, заклучила Шерифовиќ, а пренесе „Дневни аваз“.
Денеска Марија Шерифовиќ се огласи и на својот инстаграм-профил.
„Па, еве ме и мене во 2024 година, мртва уморна. Сакам да се знае дека, без разлика на некои чудни околности и некои малку ненормални луѓе, вечерва убаво си поминав во Зеница. Ви благодарам што дојдовте. Се гледаме некогаш, некаде. Ве сакам. Среќна Нова година“, изјави пејачката.


