Се поставуваат парковски канти и контејнери за селекција на отпад во Делчево

Делчево доби нови парковски канти и контејнери за селекција на отпад и опрема за видеонадзор за контрола и зачувување на урбаната опрема. Парковските канти за отпадоци и контејнери за селекција на отпад денеска се дистрибуирани до Општина Делчево, како дел од проектот што го реализира ЛАГ Малеш- Пијанец, а со поддршка на Агенцијата за финансиска поддршка и рурален развој.

– Набавени се 32 парковски канти, шест контејнери за селекција на отпад и опрема за видеонадзор на две локации со кои ќе се надгледува и контролира урбаната опрема. Парковските канти ќе се постават на јавните површини и паркови во централното градско подрачје, а контејнерите за селекција на отпад ќе се постават во училишните дворови со цел децата од најмала возраст да се учат да го селектираат отпадот, а со тоа да дадат свој придонес во зачувување на животната средина, информираа од Општината.

Градоначалникот на Општина Делчево Горан Трајковски дополни дека двата система за видеонадзор ќе бидат поставени на локации каде изминатов период имало најголемо оштетување на урбаната опрема и кражби, а системот треба да придонесе за полесно откривање на сторителите.

-Претходно за подобрување на состојбата со управување на отпадот, Општина Делчево набави 23 контејнери вредни 371 илјада денари. Контејнерите со номинална носивост од 430 килограми, се поставија на локации каде досега фигурираа стари и оштетени контејнери или ги немаше, а се очекува новите садови за отпад да придонесат за подобар квалитет на услугите за собирање на комуналниот отпад, дополни Трајковски.

Новите парковски канти, според предвиденото, екипи на Јавното комунално претпријатие „Брегалница” ќе ги постават наредната недела, а контејнерите со кои се воведува почетна селекција на отпадот од стакло, хартија и пластика, се веќе дистрибуирани до двете основни училишта во градот.

Средствата што ЛАГ-от Малеш-Пијанец ги доби од ресорното Министерство се во висина од 880.000 денари, а останатите трошоци се на товар на трите општини Делечво, Берово и Пехчево.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот