Се огласи Милан Поповиќ: „Ова е само уште еден медиумски циркус на Северина Вучковиќ“

Фото: Инстаграм/Милан Поповиќ/„Глорија“

Врховниот суд во Хрватска денеска повторно донесе одлука целосно да ѝ го одземе старателството на пејачката Северина Вучковиќ врз нејзиниот син Александар и да му го предаде на нејзиниот поранешен партнер, српскиот бизнисмен Милан Поповиќ.

Сега Поповиќ првпат се огласи по донесената одлука.

„Врховниот суд е највисоката судска инстанца во Република Хрватска. Пресудата е донесена со едногласна одлука на совет од пет врховни судии. Одлуката е праведна и јас сум задоволен, но приказната сѐ уште не е завршена. Жупанискиот суд во Сплит и другите судии во овој случај му нанесоа непоправлива штета на нашето дете“, изјави Милан Поповиќ за РТЛ, а потоа додаде:

„Оваа одлука не значи дека мајката нема да може да го види детето. Во тие 20 месеци кога детето живееше со мене, мајката не дојде да го земе детето повеќе од половина од термините, а што е уште полошо – не ни бараше да поминува повеќе време со детето. Ова е само уште еден медиумски циркус на Северина Вучковиќ, сезона 156“.

Откако изјавата беше објавена на РТЛ, таа набрзо беше отстранета, а причината не е позната.

Да потсетиме, во последните неколку години, хрватската пејачка Северина Вучковиќ помина низ многу тешки моменти кога по судска одлука целосното старателство над син ѝ Александар му припадна на неговиот татко – Милан Поповиќ.

Од крајот на 2019 година, таа можеше да се гледа со синот само двапати неделно по неколку часа, секој втор викенд, за време на празниците и за време на летните и зимските одмори. Оттогаш пејачката со сите сили се бореше да си го врати синот, а успеа да го направи тоа во септември 2021 година, кога конечно доби заедничко старателство над него.

Судот во целост ѝ го одзема старателството на Северина: Ќе се борам до последната капка крв за моето дете

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот