Се огласи и полусестрата на Меган: Лаже, ја користи депресијата како изговор

Instagram

По објавувањето на интервјуто што принцот Хари и Меган го имаа со Опра Винфри, реакциите не стивнуваат… А сега и полусестрата на Меган Маркл, Саманта Маркл, ги изнесе своите впечатоци во јавноста.

Имено, Меган во интервјуто се осврна и на нејзиниот однос со Самата, велејќи дека иако пораснале со ист татко, таа не ја познава добро својата полусестра.

Вистината беше целосно игнорирана и изоставена… Не знам како може да каже: „Не ја познавам“… Ние имаме заеднички фотографии од минатото. Па, како може да не ме познава?“, изјави Саманта за „Inside Edition“ во понеделникот.

Саманта сподели и нивни заеднички фотографии, вклучително и една од нејзината матура во 2008 година. Таа тврди дека фотографијата, направена пред 13 години, е во спротивност со коментарот на Меган која истакна дека со Саманта последен пат се виделе пред 18, 19 години.

Instagram
Instagram

Саманта го коментираше и тврдењето на Меган дека нејзината полусестра си го сменила презимето во Маркл откако Меган започнала врска со Хари, таа ги демантираше овие тврдења.

Instagram
Instagram

Јас бев Маркл пред неа. Чудно е што вели дека сум си го променила презимето кога се запознала со Хари. Маркл отсекогаш било моето презиме“, рече Саманта.

Instagram
Instagram

На прашањето за изјавата на Меган дека размислувала за самоубиство, Саманта рече: „Депресијата не е изговор да се однесувате кон луѓето како ѓубре и да се ослободите од нив кога веќе нема да ви требаат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот