Се огласи адвокатот на Вин Дизел по обвинувањата за сексуален напад: Поранешната асистентка била вработена кај него само девет дена
Познатиот актер Вин Дизел е обвинет за сексуална злоупотреба. Во тужбата поднесена во Лос Анџелес, Аста Јонасон истакна дека Вин Дизел ја нападнал есента 2010 година за време на снимањето на филмот „Брзи и бесни“ (Fast and Furious).
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Актерот негираше дека имало било каква злоупотреба, а за сето ова проговори и неговиот адвокат Брајан Фридман.
Тој изјавил дека Вин жестоко ги негира тврдењата. „Тој првпат слуша за ова тврдење, старо повеќе од 13 години, кое доаѓа од неговата поранешна асистентка која била вработена само девет дена“, изјави тој за „Вараети“ (Variety).
Неговиот адвокат исто така изјавил дека „постојат јасни докази кои целосно ги побиваат чудните тврдења на тужителката“.
Во тужбата, поднесена во Лос Анџелес, тужителката Аста Јонасон вели дека продуцентската куќа „One Race Films“ ја вработила како асистент додека тој снимал во Џорџија. Според документите до кои дошол магазинот, таа тврди дека била во станот на Дизел во Атланта додека тој „се забавувал со повеќе жени“.
Кога жените си заминале, според тужбата, Дизел ја повлекол Џонсон на креветот. Во тужбата се наведува дека таа побарала од него да си замине, но тој наводно почнал да ги допира нејзините гради и остатокот од нејзиното тело.


