СЕ НАЛУТИЛА ПОРАДИ НЕСООДВЕТНА ПОНУДА: Зошто Грејс Џонс замина уште на првиот сет за „Бонд“?

грејс џонс
Фото Профимедиа

Грејс Џонс со радост прифатила да глуми во новото продолжение на „Џејмс Бонд“, со оглед на тоа што веќе е искусна во ова поле, со улогата во „A View To A Kill“.

Овојпат таа го напуштила сетот по само 25 минути, бидејќи тогаш дознала што треба да глуми таа.

На познатата ѕвезда очигледно не ѝ се допаднало да добие само неколку минути на големото филмско платно, па демонстративно заминала.

Продукцијата исто така е лута, бидејќи тие обезбедиле ексклузивен стан за нејзе во близина на местото каде ќе се снима. Сите биле возбудени поради нејзиното враќање во франшизата, но никој не мислел дека ќе се однесува како вообразена ѕвезда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот