Се бара пласман за околу 8 илјади јагниња во Дебар

Цената е минимална и се движи од 120 – 130 денари за килограм.

Поради карантинот и мерките за безбедност околу осум илјади јагниња од Дебар останаа непродадени. Одгледувачите апелираат или да се отвори брз пласман или да се достави сточна храна бидејќи како што велат залихите им се при крај.

-Бараме излез зашто состојбата е алармантна. Се работи за околу 8.000 јагниња од Дебар, Центар Жупа и околните села – Могорче, Косоврасти и Отишани. Не се продадени, во карантин се. Не смееме да ги носиме до кланица, а добиточна храна скоро немаме. Затоа бараме итно да ни се дозволи, или да ги однесеме ние до кланица или кланичарите да дојдат. Ако не, да ни се донесе пченка и јачмен за да ги чуваме. Побарувачка има, договорени се сите количини за продажба, вели претседателот на „Даши”, Скендер Аме.

Според него, цената е минимална, 120 – 130 килограм жива мера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот