Фото: Архива на „Слободен печат“

СДСМ тврди дека Мицкоски знаел за унгарското државјанство на Груевски и дека ја кочи екстрадицијата

СДСМ тврди дека премиерот Христијан Мицкоски знаел дека поранешниот премиер Никола Груевски и негов претходник на лидерското место на ВМРО-ДПМНЕ и обвини дека власта на сака Груевски да биде екстрадиран и затоа толку доцни постапката за екстрадиција.

– Помина повеќе од еден месец откако беше најавено дека во Министерството за правда се подготвуваат документите за екстрадиција. Граѓаните слушаа најави дека документите се подготвуваат, дека патуваат, дека постапката за ново барање е во тек. И што се случи – документите никогаш не беа испратени. Вчера Министерството за правда соопшти дека постапката за екстрадиција продолжува и покрај информациите за унгарско државјанство. Но, и ова е лажна изјава за создавање привид дека нешто се работи. Да сакаа Мицкоски и Филков досега барањето за ексрадиција ќе беше испратено, веднаш по најавите на новиот унгарски премиер, Петер Маѓар, уште пред еден месец дека Унгарија нема повеќе да биде заштитник на криминалци. Мицкоски не го сака враќањето на Груевски затоа што тоа директно би ја загрозило неговата позиција во ВМРО-ОКГ – изјави портпаролката на СДС Богданка Кузеска.

Унгарските медиуми вчера објавија дека Груевски има унгарско државјанство од 2022 година и дека неговата екстрадиција правно е речиси невозможна. Мицкоски пак на новинарско прашање изјави дека нема информации околу унгарското државјанство на поранешниот премиер кој избега во Будимпешта во 2018 за да не оди во затвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот