Груевски добил унгарско државјанство во 2022 година – враќањето во Македонија е невозможна мисија
Поранешниот премиер Никола Груевски добил целосно унгарско државјанство во 2022 година, врз основа на „државен интерес на Унгарија“, објави истражувачкиот портал (ВиСквер) VSquare повикувајќи се на извор во унгарската влада. Според друг владин извор, се верува дека тој е се уште во Будимпешта, а тоа ја прави неговата екстрадиција речиси невозможна.
Ова прашање се отвори откако Петер Маѓар победи на изборите во Унгарија и порача дека Унгарија нема да биде засолниште за меѓународни криминалци, споменувајќи го и Груевски.
Препорачано
Премиерот Христијан Мицкоски, денеска изјави дека Владата нема информација дали Груевски има унгарско државјанство.
-Немам ние таква информација, рече Мицкоски.
Двајца од најпознатите „станари“ на таквиот систем експресно реагираа и ја напуштија земјата. Поранешниот полски министер за правда Збигњев Зјобро, кој доби азил по бегството во Унгарија во 2025 година, беше забележан на аеродромот „Њуарк Либерти“, САД во мај годинава.
Позицијата на Груевски е значително посигурна од онаа на полските бегалци, пишува VSquare. Додека политичкиот азил може да биде укинат, одземањето државјанство е далеку потешка правна постапка. Тоа му обезбедува ниво на заштита што го прави имун на ветувањата на Маѓар за екстрадиција.
Одземањето на државјанството би барало да се докаже дека е стекнато со измама или корупција. Во вториот случај – со оглед дека е доделено поради „државен интерес“ – обвинителството би требало да докаже вмешаност на највисоки претставници на владата на Виктор Орбан.
Груевски избега од Северна Македонија во ноември 2018 година, непосредно пред да започне со издржување затворска казна од две години во случајот „Тенк“ – пресуда за корупција поврзана со набавка на оклопен луксузен „мерцедес“ во вредност од 600.000 евра.


