ВИДЕОАНКЕТА: Дали треба Груевски да се врати во Македонија?

ВИДЕОАНКЕТА: Дали Груевски треба да се врати во Македонија?

По изјавата на веројатниот нов унгарски премиер, Петер Маѓар, дека Унгарија не треба да биде прибежиште за политичари обвинети за криминал во нивните земји, „Слободен печат“ ги праша граѓаните – дали поранешниот премиер Никола Груевски, кој пред речиси седум години избега во Унгарија во обид да ја избегне правдата, треба да се врати во Македонија и како би бил пречекан.

Дел од граѓаните велат дека немаат конкретен став. Други сметаат дека Груевски треба да се врати и да се соочи со законот.

-Да си ја одлежи казната“, дециден е еден граѓанин.

-Па, може да се врати, зошто да не? Мислам дека покажа во неговото време дека е вистински лидер како треба да се води една држава. Мислам дека ќе го пречекаат многу добро. Мислам дека ќе биде тоа свечен пречек за него,

вели друг учесник во нашата анкета.

ВИДЕО | Маѓар удри по Груевски: Унгарија нема да биде засолниште за криминалци

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот