Фото: Слободен печат

СДСМ по апсењето на Анакиев: Земјоделците се без пари затоа што криминалците во власта ги крадат

Нови докази за организираната криминална група, нов корупциски скандал во земјоделието поврзан со мито на државни функционери блиски до ВМРО, велат од опозициската партија СДСМ откако е уапсен директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Васе Анакиев.

„Како што објавија медиумите Директорот на државниот инспекторат за земјоделие, Васе Анакиев, бил фатен ‘на дело’ при примање поткуп во износ од околу 50.000 евра. Ова само уште еден скандал во низата кој покажува дека криминалците во власта на ги крадат граѓаните, ги крадат земјоделците, и тоа на големо“, реагираат од СДСМ.

ИПАРД 3 програмата вредна 130 милиони евра, како што посочуваат, била суспендирана токму поради корупцискиот скандал на ВМРО каде директорот на Агенцијата за финансиска поддршка за земјоделството и руралниот развој бил уапсен исто така за мито од 50.000 евра.

Според СДСМ „поради корупцијата на кадрите на Мицкоски и ВМРО во земјоделието нема пари за земјоделците во Македонија“.

„Субвенциите се намалени за 40%, цените на горивото се покачени, откупните цени се понижувачки мали, зимската зелка се откупува за само 6 до 8 денари, лозарите се исто така оставени со ниски откупни цени и владата одби да го прифати предлогот на СДСМ за плус 3 денари по килограм. Буквално секој сегмент во земјоделието е во катастрофално лоша состојба. Нема пари за земјоделците заради корупцијата на ВМРО-ОКГ“, се вели во соопштението.

Истражители ја „тресат“ Агенцијата за поддршка на земјоделството, некој пријавил поткуп

Инаку, директорот на Државниот инспекторат за земјоделство се сомничи дека примил поткуп од 50.000 евра како прва рата од вкупно побарани 100.000 евра, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Против него е поднесена кривична пријава кривичното дело „примање поткуп“ по член 357 од Кривичниот законик.

Актуелен директор на државен инспекторат е уапсен, наводно го фатиле како зема 50.000 евра рушвет

Кривичниот суд експресно го прифати барањето на јавното обвинителство, па на приведениот директор му определи мерка притвор во траење од 30 дена по сите три основи – опасност од бегство, влијание врз сведоци и опасност да го повтори делото.

Барал 100.000 евра за увоз на забранета стока: Директорот на инспекторатот криел 50.000 евра под седиште во автомобил

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство МЗШВ го осуди секое незаконско постапување и противправно дејствување, вклучително и последниот случај со директорот.

Секое прекршување на законите, наведоа од МЗШВ, користење на службената положба за личен интерес мора и ќе биде санкционирано и секој што се огрешил пред законот ќе сноси одговорност.

Ќе одговараат сите што ја злоупотребиле функцијата, порача Министерството за земјоделство

И од ВМРО-ДПМНЕ го поздравија апсењето на директорот, посочувајќи дека доследно се залагаат „за владеење на правото и целосна борба против криминалот и корупцијата, без разлика на политичката припадност“.

„СДСМ не може да сфати кога МВР ќе уапси актуелен директор, затоа што на бандата на Заев и Филипче несфатливо им е законот да важи неселективно и да се применува подеднакво за сите. Секој којшто го прекршил законот мора да одговара“, рекоа од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ го поздрави апсењето на директорот на Инспекторатот за земјоделие, Анакиев

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот