Министерство за земјоделство Фото: Принтскрин

Ќе одговараат сите што ја злоупотребиле функцијата, порача Министерството за земјоделство

Секое прекршување на законите, користење на службената положба за личен интерес мора и ќе биде санкционирано и секој што се огрешил пред законот ќе сноси одговорност

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство најостро го осудува секое незаконско постапување и противправно дејствување, вклучително и последниот случај со директорот на Државниот инспекторат за земјоделство.

-Очекуваме надлежните институции, Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство, целосно да го расчистат случајот и да постапат согласно законите и прописите на државата- се наведува во соопштението на Министерството.

Секое прекршување на законите, наведуваат од МЗШВ, користење на службената положба за личен интерес мора и ќе биде санкционирано и секој што се огрешил пред законот ќе сноси одговорност.

-Нагласуваме дека никој не е над законот и дека борбата против корупцијата е врвен приоритет на Владата. За разлика од претходно кога СДС и ДУИ беа на власт и ги штитеа своите високи владини и партиски функционери, оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ спроведува неселективна правда, без оглед на функцијата, позицијата или политичката припадност – додаваат од Министерството.

Во соопштението потенцираат дека повеќе нема привилегирани и заштитени и оти ќе одговара секој, без исклучок.

-Ги охрабруваме земјоделците доколку во иднина се соочат со вакви работи, веднаш да пријават. Институциите функционираат и така ќе продолжат во иднина, транспарентно и одговорно во интерес на граѓаните и земјоделците се со цел заштитата на правниот поредок и владеењето на правото – нагласуваат од МЗШВ.

 

slobodenpecat.mk/baral-100-000-evra-za-uvoz-na-zabraneta-stoka-direktorot-na-inspektoratot-kriel-50-00-evra-pod-sedishte-vo-avtomobil

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот