ВМРО-ДПМНЕ седиште / Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

ВМРО-ДПМНЕ го поздрави апсењето на директорот на Инспекторатот за земјоделие, Анакиев

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го поздрави синоќешното апсење на директорот на Државниот инспекторат за земјоделие, Васе Анакиев, кој наводно бил фатен како прима 50.000 евра како поткуп. Полицијата и ОЈО ГОКК и натаму немаат соопштено никакви официјални информации за апсењето.

„ВМРО-ДПМНЕ доследно се залага за владеење на правото и целосна борба против криминалот и корупцијата, без разлика на политичката припадност. СДСМ не може да сфати кога МВР ќе уапси актуелен директор, затоа што на бандата на Заев и Филипче несфатливо им е законот да важи неселективно и да се применува подеднакво за сите. Секој којшто го прекршил законот мора да одговара“, велат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.

Анакиев е потпретседател на Социјалистичката партија на Македонија, коалицискиот партнер во власта. Партијата вчера доцна во ноќта се огласи со реакција во која ги поддржува институциите да го истражат директорот, но и го осудува „нападното партиско етикетирање на актуелни случаи со сериозни обвиненија и тенденциозното објавување фотографии со кои се гази врз човековото достоинство, а за што од одговорните е потребно издржано објаснување“.

Истражители ја „тресат“ Агенцијата за поддршка на земјоделството, некој пријавил поткуп

„Во врска со апсењето на директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, ја поздравуваме акцијата на МВР. Ова е порака за сите дека Уставот и законите мора да се почитуваат. Очекуваме надлежните институции целосно да го расчистат случајот, а секој за кој ќе се утврди одговорност да одговара согласно законите“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ во својата реакција на апсењето.

Истражители ја „тресат“ Агенцијата за поддршка на земјоделството, некој пријавил поткуп

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот