Фото: МИА / архива

Актуелен директор на државен инспекторат е уапсен, наводно го фатиле како зема 50.000 евра рушвет

Вечерва полицијата и службите за борба против организираниот криминал и корупцијата уапсиле актуелен директор на државна институција, кој, според информациите што ги објавија медиумите, наводно е фатен додека прима 50.000 евра како поткуп.

Од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ја потврдија акцијата.

„Под координација на јавен обвинител на ОЈО ГОКК во тек е акција на МВР поради основано сомневање за сторени кривични дела од коруптивна природа. ОЈО ГОКК ќе излезе со детали по завршување на акцијата“, велат од Обвинителството.

Истражните органи работат на утврдување на сите околности, вклучително и дали станува збор за индивидуален случај или постои поширока мрежа на корупција.

Дел од медиумите неофицијално објавија дека станува збор за директорот на Државниот инспекторат за земјоделие, Васе Анакиев, но ова засега не го потврдуваат од ОЈО ГОКК.

Истражители ја „тресат“ Агенцијата за поддршка на земјоделството, некој пријавил поткуп

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот