СДСМ: Дали Град Скопје ја ангажирал фирмата на Перо Камиказа за новогодишната прослава?

Мартин Попов / Фото МИА.мк

Дали фирмата на кандидатот за градоначалник на Скопје од Левица, Петар Георгиевски Камиказа – „КЛС“, била ангажирана околу озвучувањето на новогодишната прослава на градскиот плоштад, прашуваат од СДСМ, посочувајќи дека „изминуваат два месеци од изборот на градоначалничката на ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, а граѓаните на Скопје не гледаат дека во градот нешто се работи“.

„Колку пари чинел ангажманот на КЛС за новогодишната прослава или дали е тоа донација? Ако е донација тогаш таа треба да мине низ Советот на град Скопје, ако се работи за спонзорство, тогаш треба да има договор за спонзорство. Данела Арсовска им должи одговори на скопјани на овие прашања“, изјави советникот на СДСМ во град Скопје, Мартин Попов.

Според него, во буџетот на градот за оваа 2022 година не е развоен и не е направен според потребите на граѓаните. Во буџетот, вели Попов, не се предвидени пари за важни проекти, како нови паркови, зелени покриви, велосипедски патеки.

„Нема пари за ниту една велосипедска патека, ниту еден вело паркинг, нема опрема за автобусите да превезуваат велосипеди, нема субвенции за дополнителна опрема. Наместо за зеленило и заштита на животната средина, наместо во капитални проекти, Арсовска парите на скопјани ги планира за вдомувања на партиските кадри на ВМРО-ДПМНЕ. Дали во Буџетот има пари за коалициските партнери на Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ“, рече Попов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот