Сапуницата продолжува: Од ВАР собата сугерирале да нема пенал над Рамос

twitter/barcacentre

Хозе Марија Санчез Мартинес, ВАР-асистентот на дербито од седмото коло во Ла Лига помеѓу Барселона и Реал Мадрид, му препорачал на главниот судија Хуан Мартинез Мануера да не досуди пенал по падот на Серхио Рамос во казнениот простор на каталонците.

Како што наведува „Sport.es“, Мартинес на главниот судија му рекол дека капитенот на Реал Мадрид, Сехио Рамос, прв го фаулирал играчот на Барселона, Клемен Ленгле.

Меѓутоа, главниот судија не го послушал советот на ВАР-аситентот и по прегледување на снимката одлука да покаже на белата точка од каде токму Рамос му донесе предност на својот тим од 1:2.

Поради наведеното на „Sport.es“, Барселона планира да ги побара аудио записите од разговорот помеѓу главниот судија и ВАР-асистентот за точно да се дознае што се случило.
Во Барселона се убедени дека против клубот се води кампања и тоа од Веласко Карбаљои, одговорниот за делегирање на судиите.

Денеска каталонските медиуми го обвинија главниот судија Хуан Мартинез Мануера дека е навивач на Реал Мадрид, а неговиот татко е основач и лидер на фан-клуб на „кралевите“.

Не стивнува бурата по Ел Класико, главниот судија бил навивач на Реал Мадрид?

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот