Не стивнува бурата по Ел Класико, главниот судија бил навивач на Реал Мадрид?
Реал Мадрид на совлада Барселона на „Камп Ноу“ со 1:3, а во каталонскиот клуб се лути на судијата Хуан Мартинез Мануера поради неговата одлука да досуди пенал по кој „кралевите“ поведоа и ја најавија победата.
Поради повлекувањето на дресот на Серхио Рамос од страна на Ленгле, судијата досуди пенал, откако доби информација од ВАР собата сам да го погледниот спорниот момент.
Дел од поранешните судии не се согласуваат со одлуката и сметаат дека не требаше да биде досуден пенал, а исто мислат и во Барселона. Со главниот судија Хуан Мартинез Мануера се занимаваа и каталонските медиуми кои дојдоа до заклучок дека навива за Реал Мадрид. Имено, весникот „Спорт“ пишува дека таткото на судијата, Хуан Рамон е основач на фан клубот на Реал Мадрид.
„И тој бил судија само не толку познат како неговиот син,а наводно под униформата носел дрес на Реал Мадрид. Тој ги воспитал своите синови да го сакаат Реал Мадрид. И помалиот брат на Хуан Мартинез, Мигел беше дел од Ел Класико како линиски судија“, пишува во дел од текстот на „Спорт“.
Барселона веќе поднесе жалба до претседателот на Фудбалската федерација на Шпанија, Луис Рубиалес околу изборот на судијата Хуан Мартинез Мунуера како и за извештајот од натпреварот.
ВИДЕО: Реал го освои „Камп Ноу“, сомнителен пенал и еврогол на Модриќ!