Санремо 2020: Колку чини ѓерданот што го носеше Џорџина Родригез?

На третата вечер  на фестивалот „Санремо“, направи голем упсех Амадеус, кому се придружија на бината двајца презентери, меѓу кои и Џорџина Родригез. Во првиот ред, за поддршка на убавата Џорџина, седеше фудбалскиот ас Кристијано Роналдо (кој во текот на вечерта му го подари дресот на Јувентус на жестокиот навивач на Интер, Амадеус). Непотребно е да се каже, Џорџина Родригез ги воодушеви сите со избраниот моден изглед и беспрекорната елеганција.

Но, ѓерднот кој го носеше, сите се прашуваа колку би можел да чини?! Станува збор за раскошен ѓердан од Паскале Бруни, добро познат бренд на висока мода, за кој Џорџина е ангажирана како амбасадорка. Тој е дел од колекцијата Божиќна градина и има голема вредност.

Ако на веб-страницата на марката, многу едноставен ѓердан со тенок ланец и приврзок од дијаманти чини повеќе од две илјади евра, тогаш колку би можел да чини ѓерданот кој Џорџина го носела?

На социјалните мрежи, иронично беа објавени различни постови: „Ѓерданот на Џорџина чини повеќе од три мои куќи“. Еден друг пост пак, вели дека „скапоцениот ѓердан вреди колку што тежат заедно Фиорело, Тицијано Феро и Амадеус“.

Најпосле, не беше само еден ѓердан…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот