Сан Франциско/Фото: AA/ABACA / Abaca Press / Profimedia

Сан Франциско потона во мрак – 130.000 жители без струја

Околу 130.000 жители на Сан Франциско беа потопени во темнина во саботата навечер поради прекин на електричната енергија, објави главната електроенергетска компанија на градот во Калифорнија, САД, пренесува Њујорк пост.

„Работиме со службите за итни интервенции и градските службеници за прекин на електричната енергија во Сан Франциско што влијае на приближно 130.000 корисници“, соопшти компанијата „Пацифик Гас енд Електрик“ во објава на Икс.

Општинските власти ги замолија жителите да останат во своите домови, бидејќи некои семафори не работат, а мрежата на јавниот превоз е во прекин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот