Само уште една репрезентација од Африка го имаше истиот успех на Мароканците
Репрезентацијата на Мароко направи вистински подвиг и го освои првото место во групата „Ф“ на Светското првенство во Катар, пред Хрватска и Белгија кои ги освоија сребрените и бронзените медали на Мундијалот во Русија.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Така Мароканците станаа првата селекција од Африка по Нигерија во 1998 година која ја заврши групата на тогашното Светско првенство на првото место.
Само Мароко и Нигерија успеаја да ја завршат групната фаза на Мундијалот на лидерска позиција. Нигеријците успеаја да го направат тоа на премиерното учество на СП во 1994 година во САД и четири години подоцна, додека „лавовите од Атласот“ пред Мундијалот во Катар беа најдобри и во групата на СП 1986 година во Мексико.
За претставниците од Африка четвртфиналето е најголемиот дострел во историјата на светските првенства. Четвртфиналисти беа Камерун (1990), Сенегал (2002) и Гана (2010).
Противник на играчите на Валид Реграги во нокаут-фазата ќе биде второпласирана од групата „Е“ каде моментно по две кола води Шпанија со четири бодови, пред Јапонија и Костарика по три, а последна е Германија со еден.
Only two African nations have topped their group at multiple World Cups:
?? Nigeria (1994, 1998)
?? Morocco (1986, 2022)The Atlas Lions join the Super Eagles. pic.twitter.com/xcI6Rup2xj
— Squawka (@Squawka) December 1, 2022


