Прочитајте како вашиот однос кон снегулките може да ги открие цртите на вашата личност…
Првата асоцијација на снег е детската радост, како и забавното играње со снежните топки и санкањето. Снегот го обожаваат децата! Од другата страна, меѓу возрасните луѓе, постојат оние кои ја обожаваат снежната идила, но постојат и оние кои воопшто не го сакаат снегот.
Додека на едни снегулките им се извор на среќа, други посакуваат снегот никогаш повеќе да не падне и да уживааат во вечната пролет и лето.

Луѓето кои го сакаат снегот
Ако му се радувате на снегот и со нетрпение очекувате да ја облечете зимската опрема и да тргнете во снежна авантура, тогаш вие сте љубители на акцијата.
Ја обожавате природата и не се грижите поради тоа што постои можност вашите чизми да се натопат. Уживате во детската радост и на повозрасни години и не можете да замислите дека постојат луѓе кои не сакаат да ги поиграат со снежните топки.
Сакате возбудувања во животот, како и слобода. Од стресот се ослободувате со вежбање или со било каква активност, не обидувајќи се да барате утеха во храната.

Луѓето кои не го сакаат снегот
Ако спаѓате меѓу луѓето кои сакаат да гледаат во снегот само преку прозорецот и да седат стоплени во својот дом, вие ја сакате удобноста и практичноста.
Малку се перфекционисти, па ве нервира нередот кој го создава снегот, ве нервираат мокрите чизми и каливите улици. Не сакате да играте со снежните топки сметајќи дека таа активност е за децата и не ви доликува на годините, но сепак претпочитате и вашето палто да остане чисто.
Против стресот се борите во топлината на вашиот дом и во добрата книга, тв документарец или при подготовката на вкусни десерти, а во активностите надвор уживате во топлите месеци.
