Сакате добрата енергија да е присутна во вашиот дом? Тогаш, никогаш не ги фрлајте овие работи!

Често ќе прочитате кои работи и предмети не треба да ги задржите во домот, поточно кои работи морате да ги отстраните со цел да привлечете благосостојба и позитивна енергија.

Меѓутоа, постојат и оние предмети кои зрачат со добра енергија и кои секогаш морате да ги чувате во својот дом за да имате среќа.

Бидете внимателни околу овие шест работи:

1. Леб

Лебот во многу култури, па и кај нас, се смета за света храна. Симболизира среќа и благосостојба, па е забрането да се фрла. Подобро е да го исушите и да направите презла од него, или да го дадете на птиците, отколку да фрлите дури и само едно парче леб.

2. Сол

Солта се третира исто како лебот. Покрај така не се советува ниту да ја позајмувате солта, бидејќи така благосостојбата излегува од куќата.

3. Исечени нокти или коса

Косата и ноктите, според црната магија, се најпогодни за создавање на лоша карма. Затоа замотајте ги во марамче и одложете ги во ѓубрето. Не смеете да ги расфрлате низ домот.

4. Фотографии

Можете да ги уништите само оние фотографии кои ги прикажуваат вашите непријатели но под услов да не сте со нив на сликите, во спротивно, ризикувате да привлечете болести и други проблеми.

5. Часовник

Часовникот е енергетски поврзан со сопственикот и можете сериозно да и наштетите на личноста чиј часовник го фрлате. Можете да ги фрлите само оние часовници кои не можат да се поправат.

6. Паричник

Паричникот е финансиски бог, па дури и доколку е безвреден, немојте да го фрлате. Кога ќе купите нов паричник, држете го неколку денови во куќата, а потоа во него постепено префрлајте по малку пари, полека не прекинувајќи за врската со стариот паричник. Стариот паричник чувајте го во куќата колку што можете подолго.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот