Сакаше да поразговара со принцот Чарлс, но се возбуди и се струполи на земја – Принцот не стигна ниту да му подаде рака (ВИДЕО)

Фото: Твитер

Принцот Чарлс доживеа несекојдневна непријатност при посетата на Бристол…

Принцот Чарлс (71) кој неодамна посети еден дистрибутивен центар во Бристол, остана заледен кога еден работник кој сакаше да поразговара со него се струполи на земја.

Чарлс застана да поразговара со работникот кој беше дел од екипата за пречек, кога наеднаш на човекот му се слоши, па така тој се заклати и се струполи на земја пред принцот.

Шокиран и збунет, Чарлс не стигна ниту да изреагира. Еден момент подоцна тој ја испружи раката кон човекот, кој веќе беше на подот.

Официјално не е познато што му се случило на човекот кој се онесвестил, но по некој момент тој повторно застана на нозе и поразговара со принцот Чарлс.

Во видеото звукот не е целосно јасен, но најверојатно човекот му вели на принцот дека му се слошило од возбуда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот