Сакала да ја фрли во ѓубре: Излегло дека е ремек дело вредно 25 милиони долари

Фото: Bernaux Edouard/ABACA / Abaca Press / Profimedia

Музејот „Лувр“ во Париз во својата колекција доби сликарско ремек дело од 13 век, кое за малку ќе било фрлено во ѓубре. Станува збор за делото „Ругање на Христос“, дело на италијанскиот сликар Чимабуе, пишува „Бизнис инсајдер“ (Business Insider).

Уметничкото дело, кое било прогласено за национално богатство, било пронајдено на ѕидот на кујна во Франција во 2019 година, за време на рутинско чистење на куќата. Сопственичката на куќата, жена во десеттата деценија од животот, мислела дека тоа е безвредна икона од Русија и имала намера да ја фрли сликата во ѓубре. Сепак, подоцна била продадена на аукција за дури 25 милиони долари.

Сликата ја купиле чилеанскиот милијардер Алваро Саие Бендек и неговата сопруга Гузман Анфелт за нивната приватна колекција. Сепак, француската влада не дозволила сликата да се извезе од земјата.

Француската влада го препознала културното значење на ремек-делото и го прогласила за национално богатство. Потоа владата му дала на музејот „Лувр“ 30 месеци да ги обезбеди средствата потребни за купување на сликата.

Сопствениците на сликата и музејот неодамна постигнале договор, со кој се осигурале дека уметничкото дело ќе биде дел од колекцијата на светски познатиот музеј. Лоренс де Карс, директорката на „Лувр“, ја изразила својата возбуда поради постигнатиот договор, наведувајќи дека за нив е „голема радост“ што ја добиле сликата. Не е соопштено колку „Лувр“ платил за сликата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот