Сака баш нема среќа: Играл четири финалиња и сите ги загубил
Букајо Сака, беше заменет во 83. минута од финалето на Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен, а по натпреварот во фокусот се најде една навистина непријатна статистика за англискиот репрезентативец.
Препорачано
Имено, Сака сè уште нема победено ниту едно финале во кое настапил во својата професионална кариера.
Неговата несреќна низа започна во финалето на Европското првенство во 2021 година кога Англија загуби по пенали. Тогаш Сака имаше само 19 години, а селекторот Герет Саутгејт му укажа доверба во големото финале. Младиот крилен напаѓач беше еден од англиските фудбалери кои не реализираа во пенал-серијата.
Разочарувањето се повтори и во финалето на Европското првенство во 2024 година, кога Англија повторно остана без трофеј.
Актуелната сезона донесе уште две загубени финалиња за Сака. Најпрво Арсенал не успеа да стигне до трофејот во Лига купот, а потоа „топчиите“ беа поразени и во финалето на Лигата на шампионите од Пари Сен Жермен.
Така, еден од најдобрите англиски фудбалери на денешницата продолжува да ја чека својата прва победа во едно финале. За него среќа, сезонава имаше можност да се израдува на титулата во Премиер лигата.
ВИДЕО | Париз во хаос и по новата титула на ПСЖ: Уапсени се над 400 хулигани, има и повредени


