Саем на книга – јадро на најдобрите домашни и странски наслови

Фото: Скопски Саем

Саемот на книга е фантастична можност да се прослави јадрото на слободата на мислата на човекот преку пишаниот збор – книгата.

Оваа година од 4 до 10 мај во Арена Борис Трајковски Скопје ќе се одржи јубилејното 35. издание на Меѓународниот Саем на книгата, во организација на Скопски Саем и Глобал Медиа Гроуп, а поддржан од Министерството на Култура на Северна Македонија.

Современите технологии во ерата во којашто живееме, често се од големо значење и сè повеќе имаат предност во секојдневната комуникација, образованието и формата на читањето и впивањето на информации. Тоа е една од најглавните причини зошто мораме да се потсетуваме постојано за давањето предност на пишаниот збор и книгата. Читањето е најздравата умствена исхрана, која што не смее да се изостави од навиките на модерното секојдневие, – особено кај помладите генерации. Затоа и 35. Меѓународен саем на книгата е значително важен настан, кој што со почеток од 4ти мај, цели 7 денови ќе биде јадро и магнет на најдобрите домашни и странски наслови. Секоја книга поседува свој универзум, а на читателите им преостанува само да се охрабрат и да ја свртат првата страница, изјави Даниела Глигоровска, управител на Скопски Саем.

Саемот расте и еволуира со текот на годините и истиот обезбедува платформа за читателите и издавачите да се поврзат и да ја споделат љубовта кон истражувањето на нови содржини и нови светови.

Оваа година, посетителите на овој суштински културен настан, како што најавија организаторите, можат да очекуваат широк спектар на книги од многубројни познати, но и нови домашни и странски автори, – покривајќи жанрови и стилови во склоп на белетристика, публицистика, книги за деца и уште многу повеќе, наведуваат организаторите.

Повеќе информации за Саемот на книга можат да се најдат на веб-страницата и на социјалните мрежи Инстаграм и Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот