САД воведоа санкции за кубанскиот министер за внатрешни работи

САД воведоа санкции кон кубанскиот министер за внатрешни работи Хулио Сесар Гандарило Бермехо, изјави државниот секретар на САД, Мајк Помпео.

Помпео на Твитер објави дека кубанското Министерство за внатрешни работи, предводено од Бермехо, се впуштило во грубо кршење на човековите права во Венецуела, произволно уапсиле илјадници кубански граѓани и незаконски привеле повеќе од 100 политички затвореници.

„Ние го сметаме од денеска за одговорен”, објави Помпео.

Стејт департментот објави соопштение на сајтот во кое се осудува „репресија на човековите права и основните слободи” на Куба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот