САД регистрираше најголем пад на производството по втората светска војна

Прогнозите за индустријата не се оптимистички, производството се очекува уште повеќе да опаѓа во текот на април.

Вкупното производство во САД забележа најголем пад од демобилизацијата на земјата по Втората светска војна.

Вкупното индустриско производство, фабрики, компании, рудници, бележи пад од 5,4 отсто што е најголем пад од 1946 година и ги надминува песимистичките очекувања на економистите.

Производството на автомобили и авто – делови регистрира пад во производството од 28 отсто, во комуналните претпријатија 3,9, а во рудниците два отсто, со оглед дека е намалено производството и експлоатацијата на нафта.

Фабриките изминатиот месец работеле со 70,2 отсто од својот капацитет, што пак е пад од 75,1 процент во однос на февруари, а најниско ниво од 2010 година, кога американската економија се уште се опоравуваше од големата економска криза од 2007 – 2009 година.

– Прогнозите за индустријата не се оптимистички, производството се очекува уште повеќе да опаѓа во текот на април, пишуваат Џејмс Вотсон и Џорџ Дако од весникот „Оксфорд Економикс“.

Тие сметаат дека големото пореметување во синџирите за снабдување, намалената енергетска активност и заострените финансиски услови и понатаму негативно ќе влијаат и дека индустриското производство би можело да опадне и до 15 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот