1 C
Скопје

САД можат да здивнат: Ураганот Лаура ослабе во тропска бура (ВИДЕО)

Ураганот Лаура ослабе во тропска бура со максимален ветер од речиси 70 километри на час, откако ја погоди американската сојузна држава Луизијана.

Претходно, ураганот го погоди копното во близина на местото Камерон во Луизијана со максимални ветрови од 240 километри на час, што предизвика поплави и голема материјална штета.

Гувернерот на Луизијана, Џон Бел Едвардс соопшти за првата жртва, 14-годишно девојче кое починало кога паднало дрво врз нејзината куќа.

– Очекуваме дека може да има повеќе жртви, објави на Твитер портпаролката на Едвардс Кристина Стивенс.

Едвардс и гувернерот на Тексас, Грег Абот, рекоа дека ангажирале екипи за спасување.

Гувернерот на Луизијана на Твитер ги предупреди жителите на три заедници во југозападниот дел да не излегуваат од дома и да ги затвораат прозорците и вратите, поради опасниот чад што се шири по пожарот во фабрика во областа погодена од ураганот.

Прочитајте и...  Пендаровски ќе се консултира со експерти пред да го потпише законот за попис

Властите соопштија дека од фабриката на компанијата „БиоЛаб”, која произведува хемикалии што се користат во производи за чистење, истекол хлор.

Лаура е најсилното невреме што ги погоди САД оваа година.

Поврзани вести

Општина Центар усвои Стратегија за меѓуетничка интеграција во образованието

Слободен печат

Португалија иако во „локдаун” ќе избира нов претседател

Слободен печат

Царовска: Со новите образовни програми да ги поттикнеме најмладите критички да размислуваат и да фатат чекор со нивните врсници во најразвиените земји

Слободен печат

ДРАМАТИЧНО ВИДЕО: Извлечени седум од 22 кинески рудари затрупани пред две недели

Слободен печат

СДСМ: Стандардот на припадниците на Армијата и понатаму ќе расте

Слободен печат

Џонсон се радува на соработката со Бајден

Слободен печат

Остави Коментар