Сабаленка и Анисимова ќе водат битка за титулата на САД Опен
Најдобрата светска тенисерка, Арина Сабаленка, ќе игра во финалето на САД Опен откако во полуфиналето ја совлада Американката Џесика Пегула со 2-1 во сетови (4-6, 6-3 и 6-4), а во него ќе се соочи со Аманда Анисимова која беше поодобра од Наоми Осака исто така со 2-1 (7-6, 6-7, 3-6).
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Сабаленка во финалето ќе се обиде да дојде до својот четврти грен-слем трофеј, а еден трофеј од претходните и е токму од овој турнир.
Пегула прикажа одлична игра, а победникот го одлуваа буквално нијанси. Борбата на теренот траеше два часа и седум минути и гледачите имаа можност да уживаат во одличен тенис. Пегула со овој пораз ќе загуби бодови на листата биддејќи лани тука играше финале.
Слично се одвиваа работите и во вториот меч во кој Анисимова како и Сабаленка до победата дојде откако прво го изгуби првиот сет во тај-брејк. Тај-брејкот го решаваше и вториот сет, кој и припадна на Американката која беше посигурна во третиот сет и го доби со 3-6.
Сабаленак и Анисимова досега во кариерата се сретнале девет пати и во тие дуели поуспешната е американската тениерка која има шест победи.


