Сѐ помалку Босанци ќе одат на летување, цените се „пресолени“

Архива на СП

Босанските туристички агенции наголемо објавуваат понуди за летувања во 2023 година, а на многумина ќе им се заврти во главата од цените. Додека пред неколку години, можеше да се оди на одмор за неколку стотици конвертибилни марки, сега можеме да заборавиме на тоа, затоа што во моментов цените се над илјадници км, пишува Кликс.ба.

Сега може да зборуваме за цените на летните одмори во раната резервација, и секако цените ќе се променат драстично во текот на сезоната. Така, за летото оваа година, ќе треба да издвоите минимум 1.000 км во Турција за седум дена.

Ако зборуваме за четиричлено семејство, тогаш тоа ќе изнесува 2.000-4.000 км, во зависност од возраста на децата. Пред неколку години, мораше да издвоите околу 700 км по човек за истото патување.

Претходно, беше објавено дека летувањата ќе поскапат за околу 30 проценти. Нешто различни цени се за патување во Грција, а летните цени во Хрватска скокнаа до 30 проценти оваа година, во споредба со претходните три години. Така, за одмор во соседна Хрватска, треба да издвоите слична сума пари, како и за одмор во Турција.

Иако Хрватите очекуваат профитабилна сезона, од година во година, поради високите цени, бројот на гости од БиХ се повеќе се намалува, кои бараат алтернативи за нивниот летен одмор. За одмор во Црна Гора, за време на раната резервација, можете да најдете сместување со сеопфатна понуда за околу 100 км на лице на ден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот