Руското напредување се одвива доста бавно, велат од украинскиот Генералштаб

Украински војници/ Војна Украина/ Фото ЕPA-EFE/ALISA YAKUBOVYCH

Украинската војска штотуку го објави своето најново ажурирање за руската инвазија, велејќи дека „непријателот продолжува со офанзивната операција, но темпото на напредување на неговите трупи значително забави“.

На 13-тиот ден од рускиот напад, Генералштабот на вооружените сили на Украина соопшти дека – од 06:00 часот по локално време на 8 март – украинските трупи продолжуваат да се бранат во јужниот, источниот и северниот сектор. Главниот град Киев како и северниот град Чернихив сè уште се во рацете на Украина.

Се додава дека противвоздушната одбрана на земјата успешно ги одбива ракетните и воздушните напади.

„Окупаторите се деморализирани и се повеќе прибегнуваат кон грабежи и кршење на правилата на меѓународното хуманитарно право за воен конфликт“ целат тие.

Украинската војска, исто така, тврди дека Русија сега прибегнува кон психолошка војна, велејќи дека групи руски сили се создадени за да извршуваат задачи поврзани со „спроведување пропагандна работа“ на окупираните територии за да влијаат врз локалните жители.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот