Руските научници развија препарат за лекување на заразени со коронавирус?

Руската федерална агенција за биомедицина направи препарат за лекување на коронавирусот на основа на антималарискиот лек мефлокин, соопшти прес-службата на оваа организација.

Овој препарат ги блокира цитопатолошките ефекти на коронавирусот на клеточно ниво и го запира неговото множење, се наведува во соопштението, а пренесува српски „Курир“.

Покрај тоа, имуносупресивното дејство на мефлокинот блокира било какво воспаление кај заразените лица.

Со самото тоа, како што наведува руската Агенција, овој препарат осигура ефикасно лекување на пациентите кои се заболени со коронавирусот во различни фази на инфекцијата.

За потсетување, Светската здравствена организација на 11 март прогласи пандемија на новиот коронавирус. Првите случаи на заразени со овој вирус се забележани на крајот на 2019 во кинескиот град Вухан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот