Руските натпреварувачи со санкање смеат да настапуваат на меѓународните натпреварувања
Рускиот олимписки комитет (РОК) ја доби првата правна битка во „војната“ со Меѓународниот олимписки комитет (МОК) и меѓународните спортски федерации, откако Судот за спортска арбитража ја симна забраната за настап на руските спортисти, тренери и официјални лица на меѓународни натпреварувања.
Препорачано
По започнувањето на руската воена инвазија врз Украина, МОК побара од сите меѓународни спортски федерации да не дозволат учество на руските и белоруските спортисти на меѓународни натпреварувања, е најголем дел од нив постапија по тоа барање, вклучувајќи ја Меѓународната федерација за санкање (ФИЛ).
Но, по жалбата на РОК, Судот за спортска арбитража пресуди во нивна користи и на руските натпреварувачи им е дозволено да настапуваат на натпреарувањата во санкање.
– Санкциите на Меѓународната федерација за санкање беа изречени од политички причини и немаше правна основа за нивно донесување, бидејќи нашите спортисти не направија никаков дисциплински или друг прекршок кој се коси со правилата на федерацијата – соопшти РОК.


