Руски ММА борец доби повик за војска, па ја напушти земјата

Фото: Инстраграм/marifpiraev

Рускиот ММА борец Мариф Пираев доби повик за војска, но тој одлучи да избега од земјата.

Русија на 24 февруари изврши воена инвазија врз Украина, но претседателот Владимир Путин минатата недела објави општа војна мобилизација и порача дека ќе се мобилизараат 300.000 Руси кои треба да заминат на фронтот.

Повикот да се јават на воена мобилизаџија не ги одмина спортистите, и меѓу нив беше и Пираев кој пред неколку дена требаше да се јави на комисијата за регрутација на нови војници. Но, ММА борецот избегал од Русија, открива неговиот пријател Шамил Гамилов.

– Доби повик за мобилизација, тоа го шокираше и одлучи да си замине од Русија – откри Гамилов.

Според медиумите, Пираев избегал преку руско-грузиската граница.

– ММА борец избега од Русија откако доби повик за регрутација. Не сакаше да загине за режимот на Путин – пишуваат светските медиуми.

Пираев во кариерата има 31 ММА борба и има само четири порази.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот